Поврзете се со нас

Шпанија

Куртоа и испрати порака на Барселона: Ќе направиме се за да ја освоиме Примера

Објавено

на

Првиот голман на Реал Мадрид, Тибо Куртоа со нетрпение го очекува рестартот на сезоната во Примера и верува дека тој и соиграчите дека ќе ја освојат титулата.

-По скоро два месеци без тренинзи, не можевме да дочекаме да се вратиме, да бидеме заедно како тим повторно овде на Валдебебас.

– Многу е поразлично кога треба дома да работите, ама сите ние трениравме. Го направивме тоа што тренирите го бараа од нас и сме во одлична форма. Во принцип, сите се чувствуваат позитивно.

-Ние голманите имавме среќа затоа што минатата недела успеавме да тренираме со нашиот специфичен тренер. Оваа недела се назад во помали групи, ама барем можат да ни шутираат. Почнува да се чувствува како вистински тренинг.

– Исто така сме заинтересирани да ја рестартираме Ла Лига и ќе се бориме напорно за да ја освоиме, -рече Куртоа кој со ова и испрати јасна порака на Барселона која е прва на табелата со плус два бода во однос на „кралевите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни