Поврзете се со нас

Шпанија

Куртоа го крена гласот: Не велам дека треба да бидеме како НБА, но мора да се постават граници

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Тибо Куртоа веќе со години го брани голот на Реал Мадрид и прерасна во еден од најдобрите голмани во светот, статус кој интересно тој го уживаше уште додека бранеше за Атлетико Мадрид и Челси.

Белгиецот си создаде навистина необична авантура во Шпанија и фактот што брани за Реал му донесе големи непријатели на фудбалските стадиони, особено на оној на кој настапува Атлетико.

Последното дерби на „Метрополитано“ беше прекинато поради инцидент меѓу Куртоа и навивачите на Атлетико, па иако поминаа неколку месеци од таа епизода, Тибо говореше отворено во интервјуто со Рио Фердинанд за тоа како треба да се постапува во дадени ситуации.

– Ја сакам цела убава атмосфера на стадионите и го сакам ривалството кое постои меѓу клубовите, но ако го слушате она што го слушаме на некои стадиони, тогаш станува неверојатно тешко. Понекогаш се оди навистина далеку со навредите.

– Не велам дека треба да биде како во НБА, да покажувате со прст кон навивач кој треба да биде исфрлен, но мора да се постават граници. Мора да имаме нулта-толеранција за расизмот и понекогаш треба да реагираме многу побурно на оваа тема. Треба да го напуштиме стадионот, а клубот треба веднаш да затвори дел од стадионот поради таков престап, – смета Куртоа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни