Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Куртоа ги „поздрави“ трошачите на пари: Знаеја што ги чека после првиот гол…..

Објавено

на

Тибо Куртоа одигра круцијална улога на „Сантијаго Бернабеу“ изминатава вечер, бидејќи пред двата гола на Родриго во 90-та и 91-та минута, Белгиецот правеше чуда на голот, а посебно импресивна беше одбраната во дуелот со Џек Грилиш кога спречи 0:2 и комплетен нокаут.

Голманот го остави Реал во игра до самата завршница и тогаш на дело стапи неверојатниот натпреварувачки дух и карактерот на „кралевите“, кои постигнаа два гола во период од 100 секунди и се изборија за продолженија против Манчестер Сити.

Понесени од еуфоријата на „Бернабеу“, избраниците на Карло Анчелоти постигнаа трет гол преку Бензема од пенал и закажаа финална пресметка со Ливерпул, достигнување кое е навистина импресивно ако се знае дека Реал досега елиминираше два милијардерски проекти на ПСЖ и Сити, како и европскиот првак Челси во четвртфиналето.

– Овој тим, овој клуб е подготвен на се. Верувавме до крајот. Непосредно пред голот за 1:1, Менди спаси чист гол на гол линијата, после следеше и мојата одбрана. На 1:1 гледаше дека се е возможно и тие знаеја што следи. На 2:1 тие веќе беа мртви.

– Елиминиравме многу силни тимови, елиминиравме тимови кои потрошија многу пари за да освојат титула во Лигата на шампионите. Патот кој го имавме беше многу тежок, но знаеме дека можеме да направиме се и имаме огромен мотив за финалето. Реал Мадрид игра финале за да победи во него, не е важно колку титули имаат освоено добар дел од играчите во овој тим, – изјави Куртоа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни