Поврзете се со нас

Шпанија

Куртоа: ФИФА ме казни поради изјавата од пред еден месец

Објавено

на

Светската фудбалска федерација вчера ги објави фудбалерите и тренерите кои ќе се борат за признанието „The Best“ во своите категории, а повторно посебно интересна ќе биде таа за најдобар голман.

ФИФА одлучи да го скрати списокот на пет номинирани голмани, од кои подоцна ќе бидат јасни финалистите, па и победникот, а меѓу нив го нема Тибо Куртоа.

Отсуството на Белгиецот е изненадување бидејќи голманот на Реал Мадрид и белгиската репрезентација имаше одлична година, а тој смета дека е казнет поради критиките упатени на сметка на ФИФА.

– Не сакам многу да зборувам зошто не сум номиниран за признанието, мислам дека е поради мојата изјава дадена пред еден месец. Не е важно кој ќе ја освои наградата, не сум многу заинтересиран за индивидуалните признанија, – изјавил Куртоа.

Белгиецот ги критикуваше УЕФА и ФИФА поради густиот календар, а повод беше дуелот за трето место на завршниот турнир на Лигата на нации, кој според него бил непотребен натпревар предвиден само за да донесе пари за европската федерација.

ФИФА номинираше 11 фудбалери за признанието најдобар фудбалер за 2021 година

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни