Куртоа: Денешниот трансфер пазар е прилично луд

kurtoa

Голманот на Челси, Тибо Куртоа смета дека Челси мора да почне да троши многу пари доколку сака да биде конкурентен во Премиер лигата следната сезона.

Запрашан дали на Челси му се потребни големи трансфери за тимот да може да се носи со Манчестер Сити, Куртоа  изјави:

-Да, дефинитивно. Мислам дека треба затоа што Сити и Јунајтед доста трошат и многу работат.

-Сметам дека ако сакаме да се стремиме кон врвот мора да го сториме истото, нормално во рамките на нашите можности. Денешниот трансфер пазар стана прилично луд. Денес се плаќаат по 80 милиони фунти за играч од одбраната, тоа е доста лудо.

-Ќе видиме што ќе се случи, но сигурен сум дека од одборот ќе донесат вистински одлуки- заклучи Куртоа.

Facebook Коментари