Светски првенства
Куртоа брутален: Ние не сме „златна генерација“ на Белгија, ние сме…..

Натпреварот меѓу Белгија и Хрватска кој одлучуваше за патникот во осминафиналето на Светското првенство уште долго ќе го прогонува Ромелу Лукаку, бидејќи напаѓачот на Интер се претвори во вистински трагичар со четири неверојатни промашувања во второто полувреме.
Белгија создаде доста изгледни шанси и заслужи да победи против Хрватска, но во фудбалот секогаш најважна е ефикасноста и конечниот резултат, а истиот вели дека „коцкестите“ со ремито од 0:0 се најдоа меѓу 16-те најдобри на светот.
По големото разочарување, Роберто Мартинез објави дека поднесува оставка и дека веќе нема да биде селектор на „црвените ѓаволи“, кои по шест години минати со тренерот, сега ќе мора да бараат друг концепт кој ќе донесе резултат.
Белгија разочара и на Европското првенство кое се одигра минатата година, а најголем успех на таканаречената „златна генерација“ ќе биде оној од Русија кога овој тим успеа да стигне до третото место и бронзениот медал.
– Елиминацијата во групата не е она што го сакавме, од самиот старт знаевме дека сме во тешка група. Против Канада одигравме многу лошо, но победивме. Против Мароко бевме подобри од првиот меч, но загубивме, а против Хрватска немавме фудбалска среќа. Топката едноставно не не посака, но се случуваат вакви работи во фудбалот, – изјави Тибо, кој потоа брутално се обрати за терминот „златна генерација“.
– „Златна генерација“? Тешко е да се каже тоа кога нема да освоите ништо. Ние не сме златна генерација, ние сме генерација со многу таленти, многу добри играчи кои играат во Европа. Во Русија покажавме дека Белгија игра добар фудбал, но во Катар и на Европското првенство потфрливме. Јас останувам во селекцијата, сега ќе дојде нов селектор и ќе видиме кој ќе остане во тимот, а кој не. Во март не чекаат натпревари за пласман на Европско првенство, – заврши Куртоа.
-
Светпред 19 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 19 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 20 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
НБАпред 11 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Шпанијапред 3 часа
Чуамени ги разочарал одговорните во Реал по враќањето од мундијалот
-
Светпред 21 час
Срна за најтешкиот момент во кариерата: Тоа ме повреди повеќе и од смртта на мојот татко