Поврзете се со нас

АТП

Куриер за потегот на Ѓоковиќ: Не знаев дека ќе се случи такво нешто

Објавено

на

Американската тениска легенда, Џим Куриер, прави дел од интервјуата со тенисерите по завршувањето на мечевите на Аустралијан Опен, но денеска остана без шанса да му поставува прашања на Новак Ѓоковиќ.

Куриер сигурно се подготвувал за мини интервјуто со рекордерот според бројот на освоени грен-слем титули, но Ѓоковиќ реши само да ја поздрави публиката и замина во соблекувалната.

Српскиот тенисер го објасни својот потег како планиран бојкот на телевизијата „Канал 9“, која ги има тв правата од турнирот, а и го ангажира Куриер за интервјуата.

Ѓоковиќ е револтиран од навредите кои еден репортер на истата телевизија ги испрати на негова сметка и сметка на српскиот народ, па тоа го соопштил на прес-конференцијата. Куриер очигледно не бил однапред информиран за ваквото сценарио, па тоа подоцна го признал за медиумите.

– Веројатно подоцна ќе ја дознаеме причината, но дефинитивно не делуваше како разговор со него.

– Не знам што се случи и што ќе се случи, но тенисерите немаат обврска за овие интервјуа. Тоа е само можност да им се обратат на публиката и фановите ширум светот, но имаат право да се откажат од таквата опција, – изјавил Куриер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни