Купот повторно ќе се игра во Кавадарци, можно финалето МЗТ-Работнички!

kup na makedonija

Завршницата од Купот на Македонија и оваа година ќе се одржи во салата „Јасмин“ во Кавадарци, објави Македонската кошаркарска федерација.

Овие возбудувања ќе бидат на програмата од 16. до 18. февруари, а во разигрувањето ќе учествуваат најдобрите осум екипи по првиот дел од натпреварувањето (11. коло). Се игра по принципот 1-8, 2-7, 3-6, 4-5 на табелата што значи дуелите за четвртфинлето се следни:

(1) Работнички – Карпош Соколи

(2) Блокотехна – АВ Охрид

(3) МЗТ Скопје – Фени Индустри

(4) Куманово – Гостивар

Полуфиналето шак носи битка на победниците од дуелите 1-4 и 2-3 што значи ако МЗТ Скопје и Работнички ги минат сите пречки можеме да гледаме финале на големите и вечни скопски ривали.

Кај жените ќе разигруваат четирите прворангирани екипи по истиот систем, односно Бадел 1892 ќе излезе на мегдан со Струга 2009, додека во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Вардар и Пелистер.

Facebook Коментари