Германија
Куп-шок за „милионерите“: Борусија играше со најсилен состав, но загуби од второлигашот Ст. Паули (Видео)

Ст. Паули е на првото место во втората германска Бундеслига, а оваа вечер покажа дека тоа е така со причина, бидејќи елиминираше еден од главните фаворити за титулата во Купот.
Лидерот во втората германска Бундеслига вечерва ја елиминираше Борусија Дортмунд во осминафиналето на ДФБ Покал купот, па по елиминацијата на Баерн Минхен, најмасовното натпреварување во Германија остана и без вториот фаворит.
Ст. Паули денеска го искористи своето извонредно прво полувреме за да го шокира фаворитот, кој мора да се напомене дека играше во најсилен состав и со сите свои ѕвезди во првиот тим.
Ерлинг Халанд, Ројс, Азар, Белингем, Брандт и останатите беа во стартната постава, но ниту со таков распоред на силите, гостите не успеаја да ја оправдаат фаворитската улога.
Домаќинот поведе со голот на Аменидо, Витсел си постигна автогол пред крајот на првиот дел, а во второто полувреме, недоволен беше голот од пенал на Халанд за целосно враќање на Борусија.
-
Англијапред 24 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Македонијапред 16 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Македонијапред 14 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Германијапред 21 час
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 20 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 23 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Македонијапред 16 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!
-
Италијапред 6 часа
Објаснување за нереалниот погодок: Тео обелодени што помислил кога ја прими топката на 80 метри од голот (Видео)