Поврзете се со нас

Македонија

Куп полуфинале: Тиквеш одолеа на Чаир и без примен гол ќе го пречека Шкупи во Кавадарци

Објавено

на

Шкупи изминатиов викенд го победи Вардар во градското дерби и дополнително доби на самодоверба пред полуфиналето во Купот, но сепак фаворитот не успеа да ја оправда оваа улога на првиот меч на Чаир.

Тиквеш се покажа како цврст орев и го оствари она по кое дојде во Скопје, односно го неутрализираше противникот и успеа да ја сочува својата мрежа.

Јасна намера на кавадарчани од самиот старт беше да го одбранат својот гол, а на крајот успеаја во тоа и сега може да сонуваат за подвиг на реваншот кој се игра на 17-ти април.

Тиквеш одигра тактички извонредно во одбрана и го сопре сите најопасни оружја на домаќините, па јасно е дека патникот во финалето ќе го добиеме на реваншот.

Утре се игра првата пресметка од второто полуфинале во Купот, а во истото силите ќе ги одмерат Воска и Македонија ЃП.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни