Куп на Македонија: Вардар се спаси од пораз, останатите фаворити рутински ја завршија работата

vardar-mgp

Ова попладне стартуваа осминафиналните возбудувања во Купот на Македонија, а по првите одиграни дуели во оваа рунда, може да се заклучи дека само Вардар не оствари победа од тимовите кои ја имаат улогата на фаворити.

Вардар како домаќин во Маџари не успеа да стекне предност пред реваншот со Македонија Ѓорче Петров, а во ситуцијата мора да се напомене дека мина и доста добро бидејќи се спасуваше од пораз. „Лавовите“ дојдоа до предност со голот на Кировски во 13-та минута, но конечните 1:1 на стадинот „Борис Трајковски“ ги постави Бразилецот Лира со погодок во 72-та минута.

На останатите средби, фаворизираните Шкендија, Работнички и Силекс оставарија лесни победи, па речиси со една нога се во четвртфиналето пред да се одиграат реванш натпреварите за две недели. Шкендија го победи Кит Го со 2:0, Силекс со истиот резултат славеше над Скопје, додека Работнички со минимални 0:1 го совлада Тиквеш на гостувањето во Кавадарци.

На преостанатите осминафинални средби, Академија Пандев ја декласираше Брегалница со 2:6, Победа победи во Гостивар со 1:2, а Беласица триумифаше на гости во Битола кај екипата на Пелистер со 0:2.

Facebook Коментари