Поврзете се со нас

Македонија

Куп на Македонија: „Пандевци“ во судиското продолжение го елиминираа Вардар, Шкендија минимално против Гостивар

Објавено

на

Ова попладне се одиграа осминафиналните натпревари во најмасовното фудбалско натпреварување во Македонија, по што ги дознавме патниците во четвртфиналето во фудаблскиот Куп.

Со оглед на квалитетот на двата тима, најголемото дерби попладнево се одигра во Струмица, натпревар на кој се чинеше дека ќе гледаме пенал завршница, се до 92-та минута од средбата.

Академија Пандев и Вардар играа максимално претпазливо и се чинеше дека ќе се реши патникот во следната рунда преку пенал рулетот, но сепак во втората минута од судиското надополнување, погодок постигна Серафимов кој стрелаше и го елиминираше својот поранешен клуб од Купот.

„Пандевци“ ја искористија предноста од домашен терен и се пласираа меѓу осумте најдобри, рунда во која ќе ја гледаме и Шкендија која е главен фаворит за титулата. Тетовци рутински ја одработија задачата и со голот на Тотре го победија Гостивар со 1:0, па и со комбиниран состав се пласираа во четвртфиналето.

Ако во Струмица и Тетово беше скромно со голови, исклучително бурно беше во Скопје, каде Шкупи го наполни Кит Го Пехчево со 5:0, а Македонија Ѓорче Петров ја декласираше Саса со 6:0. Беласица ја победи Бреганлница на гостински терен со 0:1, Силекс славеше над Кожув со 1:3, додека Ренова и Струга Трим Лум се последните патници во четвртфиналето откако беа подобри во пенал рулетите.

Ренова и Пелистер одиграа 2:2 во регуларниот дел, но домаќините беа поуспешни во пенал серијата, а истото важи и за мечот во Струга кој заврши 0:0, но во кој домашниот состав славеше во пенал рулетот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни