Поврзете се со нас

Македонија

Куп на Македонија: Четири пенал рулети го одлучија патникот во четвртфиналето, Шкендија ја декласираше Ренова

Објавено

на

Со исклучок на две пресметки, oсминафиналните натпревари во Купот на Македонија беа доста тврди и се играше цврст фудбал, па поради тоа, дури четири тима го обезбедија пласманот во четвртфиналето преку пенал рулетот.

Шкендија ја декласираше Ренова во градското дерби со 5:0 и убедливо се најде во наредната рунда, Брегалница го преслуша Охрид со 4:0, а во регуларниот дел, разлика направија уште Силекс на гостувањето кај Беласица и Шкупи против Тиквеш на домашен терен.

На останатите четири средби, победникот се решаваше во фудбалската лотарија, односно во пенал рулетите кои беа активни на четири стадиони низ Македонија.

Во скопското дерби, Вардар на втор натпревар во низа обезбеди пласман во наредната рунда преку пеналите, овојпат против Скопје во натпреварот кој заврши 0:0 во регуларниот дел.

Покрај вардарци, како поуспешни пеналџии денеска се покажаа и „лавовите“ од Ѓорче Петров против Академија Пандев (регуларен дел 1:1), истото важи и за Струга во пресметката со Борец (регуларен дел 1:1), а победа по ударите од 11 метри оствари и Пелистер против Работнички (регуларен дел 0:0).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни