Германија
Куња промаши зицер за реми во финишот, Баерн ја победи Херта (Видео)
Роберт Левандовски не реализираше пенал, но Баерн Минхен успеа да победи на тешкото гостување кај Херта (0:1) и ја продолжи победничката серија во Бундеслигата.
Првата голема шанса за Баварците не ја искористи полскиот репрезентативец, чиј пенал во 12 минута беше одбранет од Јарстајн, но Херта немаше среќа девет минути подоцна.
Ударот на Коман закачи еден од дефанзивците на берлинскиот тим и топката доби траекторија која домашниот голман не можеше да ја спречи и заврши во неговата мрежа.
Херта се обидуваше да израмни, во финишот за оваа екипа дебитираше и Сами Кедира, но најголемата шанса ја пропушти Куња во 89. минута.
Напаѓачот на домашниот тим излезе очи в очи со Мануел Нојер и реши да го префрли искусниот голман, но поткопаната топка го промаши цел гол и Баерн на крајот ги освои трите бода.
Лидерот веќе има 48 бодови, десет повеќе од РБ Лајпциг кој има натпревар помалку, додека Херта останува на долниот дел на табелата со само 17 бодови.

- Шпанијапред 18 часа
Фудбалерите на Реал со уште еден потег покажаа колку им значи клубот: Донеле заедничка одлука за…
- Италијапред 19 часа
Пандев веројатно ќе си оди, но друг Македонец ќе го замени и ќе заигра за Џенова од следната година
- АТПпред 16 часа
Ѓоковиќ откри кој е неговиот најголем сон: Не сакам да бидам неблагодарен…
- Англијапред 18 часа
Тухел презадоволен по победата над Сити испофали еден фудбалер: Го победивме најдобриот тим во Европа
- Англијапред 20 часа
Солскјер не се откажува и верува во чуда: Многу почудни работи се случиле досега
- Германијапред 22 часа
Легендата на Баерн која го најави заминувањето на Флик: Стојам зад својот збор, знам кој ќе биде нов тренер
- Шпанијапред 16 часа
Нов проблем за Реал: Зидан нема да може да смета на уште еден важен играч за пресметката со Хетафе
- Англијапред 17 часа
Реал Мадрид го обновил интересот за фудбалер на Манчестер Сити