Поврзете се со нас

Свет

Куња обелодени какви траги има од ужасниот старт: Како ќе и објаснам на сопругата…. (Фото)

Објавено

на

Матеус Куња беше „жртва“ на ужасен хорор старт на натпреварот меѓу Еквадор и Бразил, а најдобра вест е што мина без посериозна повреда со оглед на тоа што глетката беше навистина непријатна.

Голманот на Еквадор со кунг-фу потег го патосираше напаѓачот на Атлетико Мадрид и му заби крампони во вратот, па уште за време на преносот на мечот беше очигледно дека тој ќе има последици од овој старт.

Ужасен кунг-фу старт: Голманот на Еквадор „истетовира“ крампони на вратот на Куња! (Видео)

По ремито во Кито (1:1), Куња преку социјалните мрежи им се заблагодари на сите оние кои се загрижија за неговото здравје, но смета дека поголем проблем ќе има дома.

Куња беше сатиричен и порача дека многу поголеми сомнежи ќе има неговата сопруга, бидејќи големите гребаници на вратот не се карактеристични за фудбалски натпревар.

– Ви благодарам за пораките, јас сум навистина добро, но имам еден проблем. Да видиме како ќе го објаснам ова дома….., – порача Куња на Инстаграм.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни