Поврзете се со нас

Англија

Куња ја дозна својата казна од ФА за дивеењето против Ипсвич (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Wolves

Вулверхемптон заигра далеку подобро под водство на Витор Переира и забележа две победи и едно реми, учинок кој направи „волците“ да избегаат од опасната зона на табелата.

Ситуацијата изгледаше далеку подраматична за Вулвс по поразот од Ипсвич на домашен терен (1:2), а две недели по овој натпревар, денеска пристигна една пресуда од ФА за суспензија на Матеус Куња.

Напаѓачот на домашниот тим дивееше по болниот пораз на „Молину“ и влезе во физичка пресметка со претставници од гостинскиот тим, па имаше и контакт со еден од членовите на стручниот штаб.

Куња постигна еден гол на тој натпревар и уште два на наредните два против Лестер и Манчестер Јунајтед, но сега ќе мора да одмори поради казната која ја доби од ФА.

Фудаблската асоцијација му додели суспензија од два меча на напаѓачот на Вулверхемптон, но и парична казна од 80 илјади фунти на недолично и агресивно однесување.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни