Кунг-фу Чаневски ја има одбраната на колото во ЛШ, Јотиќ еден од петте најубави гола (Видео)

gradimir-canevski

Еурофарм Работник загуби на гостувањето кај Кокс во Лигата на шампионите, резултат по кој Стевче Алушовски остана без својата тренерска функција во битолскиот тим.

Во наредниот период сигурно ќе дознаеме кој ќе биде нов тренер во Еурофарм, но во меѓувреме, двајца играчи од битолскиот тим добија мала утеха од последниот меч на нивниот досегашен тренер. Градимир Чаневски со својот кунг-фу потег ја собра одбраната на колото во Лигата на шампионите, додека Ловро Јотиќ го има третиот најубав гол во завршената рунда во најелитното натпреварување.

Најдобрите одбрани се на овој ЛИНК, додека најубавите пет гола погледнете ги ТУКА

Facebook Коментари