Кунг-фу Балотели испратен на „ладење“ поради нелогичен потег (Видео)

balo-crven

Бреша одигра 2:2 против Калјари ова попладне и пропушти шанса да им се врати на победите, а во последните 10 минути од мечот, немаше можност да направи посакуван притисок со оглед на тоа што најдобриот играч доби директен црвен картон.

Домаќините водеа со 2:1 и беа блиску до три бода, но откако примија гол за 2:2, следеше еден нелогичен потег на Балотели поради кој пропаднаа сите надежи за победа. Напаѓачот имаше еден прилично несфатлив потег, бидејќи за топка која требаше да ја удри со глава, на крајот ја удри со нога и за малку не му нанесе голема штета на противникот. Оваа опасна игра не остана неказнета од судијата, кој експресно му покажа директен црвен картон на Балотели, иако претходно влезе во игра само осум минути претходно…

Facebook Коментари