Поврзете се со нас

БИБЛ лига

Куманово сигурен и против Ибар

Објавено

на

blank

Екипата на Куманово оствари победа над Ибар (66:82) во натпревар од БИБЛ, со што успеа да слави над уште еден црногорски претставник.

По триумфот над Тиват во текот на вчерашниот ден, Куманово му гостуваше и на Ибар, а уште на полувремето имаше предност од девет поени.

Македонскиот тим продолжи во слично темпо и во вториот дел, па рутински ги освои бодовите од овој дуел во балканската лига.

Ливингстон со 24 и Андрејевиќ со 18 поени биле најефикасни во редовите на кумановци, додека кај Ибар се истакна Хот со 18 поени.

За Куманово ова беше петта победа во БИБЛ и по девет натпревари има втор најдобар скор во Е групата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни