Поврзете се со нас

Македонија

Куманово се засили со Американец кој настапувал за Бостон и Лејкерс (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарскиот клуб Куманово успеа да обезбеди уште едно ново име за новата натпреварувачко име, играч кој може да се пофали дека го носел дресот за најтрофените екипи во НБА лигата Бостон Селтикс и Лос Анџелес Лејкерс.

Се работи за Американецот, Џонатан Холмс кој во кариерата настапувал во Летната лига и во претсезонски натпревари во НБА лигата и тоа во Бостон, Лејкерс, Мемфис и Кливленд во 2015 и 2016 година.

Крилниот центар потоа одиграл и 10 натпревари за Барселона во кои имал учинок од 7,7 поени и 3,7 скокови по што кариерата му тргна во надолна линија играјќи во Џи-лигата, Израел, Јапонија за да последниот тим му биде Реал Кану од Шпанија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KK KUMANOVO 2009 (@kkkumanovo)

Кумановци претходно ги договорија Кејлеб Џозеф, Ненад Зивчевиќ, Андреј Настовски, Ѓукан Ѓукановиќ и Ѓорѓе Каплановиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни