Куманово се прости со Челинџ купот со втор пораз во Полска

Lublin-Kumanovo

Ракометарките на Куманово го доживеаја и вториот пораз во два дена од полскиот тим Селгрос Лублин. Македонскиот претставник настапуваше во третото коло на Челинџ купот, а денешниот резултат е 41:18 во корист на фаворитот.

Вчера Лублин беше уште поубедлив и победи со 51:14, а денеска негативата беше помала, но сепак полскиот претставник стигна до рутински триумф и пласман во осминафиналето на ова европско натпреварување.

Ночун со 11 и Рола со 7 погодоци биле најефикасни во редовите на Лублин, додека кај Куманово се истакнале Кипријановска и Боризовска со по 6 голови.

Facebook Коментари