Куманово полека ги склопува коцките во пресрет на новата сезона

aleksandar petrovic

Од таборот на кошаркарскиот клуб Куманово објавија дека се продолжени договорите со Адеми Мекиќ, Миодраг Тодоровиќ, Мирко Ковач и Бранислав Ѓекиќ, а како ново засилување донесен е досегашниот играч на МЗТ Скопје, Игор Пенов.

Кумановчани и во следната сезона ќе бидат предводени од тренерот Александар Петровиќ кој во текот на наредните денови ќе добие уште засилувања со цел да изгради поконкурентен тим.

Воведните натпревари од шампионатот Куманово ќе ги игра во салата на средното економско училиште „Перо Наков“ поради реновирање на Спортската сала во Куманово.

Facebook Коментари