Поврзете се со нас

БИБЛ лига

Куманово немаше сили за втор подвиг во 24 часа и настрада од Берое

Објавено

на

Куманово немаше сили за втор фантастичен натпревар во период од 24 часа, бидејќи откако вчера го изненади лидерот во БИБЛ лигата и буквално го преслуша во Бугарија, денеска сепак немаше доволно енергија за да се надигрува со Берое.

Македонскиот претставник вчера го надигра Академик со 79:96 и со максимална самодоверба се насочи кон вториот предизвик кај нашиот сосед, но сепак заморот се покажа како доминантет во однос на амбициите и тимот од Куманов потклекна против Берое.

Избраниците на Мирковски имаа доста лош процент на реализација и на крајот загубија со убедливи 105:76, пораз кој беше најавен уште во првата четвртина и првото полувреме по кое стана јасно дека кумановци немаа сили за втор поход во Бугарија.

Берое ја доби првата четвртина со 33:20 и со својата агресивна игра го разби концептот на гостинскиот тим, кој иако во продолжение се обидуваше да остане во игра со индивидуални акции, сепак не можеше да врзе добра серија и да се врати во игра.

Домашниот тим замина на полувреме со 22 поени предност, а во продолжение разликата само растеше и неизбежен беше четвртиот пораз за Куманово во регионалното натпреварување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни