Поврзете се со нас

БИБЛ лига

Куманово немаше решение за Галил Елион

Објавено

на

Фото: balkanleague.net

Куманово не успеа да извлече позитивен резултат (87:96) против Хапоел Галил Елион во БИБЛ, со што израелскиот тим ја продолжи победничката серија во Македонија, каде претходно го совлада и тимот на Навико Академија ФМП.

Првиот период го најави епилогот бидејќи Галил Елион го доби со 13:26, на полувреме Израелците имаа плус четиринаесет, а таа предност беше доволна за нова победа во БИБЛ.

Зивчевиќ со 33 поени бил убедливо најдобар реализатор на теренот, а зад него во редовите на Куманово биле Холмс со 14 и Каплановиќ со 11 поени.

Ироегбу со 22 поени ги предводел стрелците кај гостинската екипа.

Галил Елион има три победи на три натпревари и е на врвот во групата, додека за Куманово ова е втор пораз на вториот настап сезонава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни