Поврзете се со нас

Македонија

Куманово не згреши против Црн Дрим

Објавено

на

Кошаркарите на Куманово се изборија за триумф над Црн Дрим ГМ од 86-75 во вечерашниот натпревар од првата македонска лига.

Домаќините во првата четвртина дојдоа до предност од 11 поени (24-13) и потоа го контролираа резултатот во продолжението и заслужено дојдоа до третиот сезонски триумф во шампионатот. Четворица играчи кај Куманово беа двоцифрени, Андрејевиќ даде 22, Рос 21, Зивчевиќ 18, додека Марковски застана на 14 кошеви.

Кај гостите од Струга, Хуго Клусен постигна 21 поен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни