Куманово не успеа да го скроти фаворитот Рилски Спортист

kumanovo-3

Куманово доживеа нов пораз во БИБЛ кошаркарската лига и тоа на домашен терен од Рилски Спортист, бугарскиот претставник кој на вечерашното гостување славеше со 96:80.

Рилски беше убедлив во првиот период кој го доби со 28:14, возвратија кумановци за на полувреме да имаат четири поени негатива, но следуваше нова серија на бугарскиот тим кој во третиот период направи дополнителни шеснаесет поени предност, со што го реши и победникот.

На Куманово не му помогна ниту дебито на Мекиќ, најдобар реализатор беше Јанески со 19 поени, а на крајот македонскиот клуб мораше да го признае и четвртиот пораз на петтиот натпревар во БИБЛ.

Facebook Коментари