Поврзете се со нас

БИБЛ лига

Куманово не успеа да го изненади Хапоел Холон

Објавено

на

Куманово не успеа да го изненади фаворизираниот Хапоел Холон на домашен терен (74:83), но македонскиот претставник во БИБЛ долго време беше рамноправен противник на оваа средба.

Средбата од втората фаза на регионалното натпреварување донесе неизвесен натпревар до средината на последниот период, по што Хапоел направи серија за сигурна победа.

Куманово последен пат водеше со 69:68, а во продолжение Израелците направија серија за да ја обезбедат победата, на крајот изразена со 74:83.

Македонскиот тим го доживеа вториот пораз во оваа фаза на БИБЛ, а следниот натпревар ќе го игра против Академик во Бугарија.

Де Зеув со 22 и Мајлс со 14 поени беа најефикасни кај гостите, додека во редовите на Куманово, Ливингстон и Марковски реализираа по 15 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни