Поврзете се со нас

БИБЛ лига

Куманово му одржа лекција на БИБЛ лидерот во Пловдив, ТФТ стави крај на црната серија со „стотка“ против Теодо

Објавено

на

blank

Кошаркарската програма во среда понуди три пресметки во БИБЛ лигата, а на два играа македонските претставници во регионалното натпреварување и одлична вест е што и двата победија.

Куманово игра во се подобра форма и денеска го преслуша лидерот во БИБЛ лигата, тимот на Академик кој ниту на домашен терен немаше решение за гостинскиот тим од Македонија. Кумановци одиграа перфектен натпревар од почеток до самиот крај и постојано имаа контрола врс резултатот, па сето тоа придонесе да видиме висока победа изразена со речиси 20 поени разлика.

Македонскиот тим победи во Бугарија со 79:96 и покажа квалитет во одлучувачката четвртина, откако тимот од Пловдив се приближи на само минус седум пред почетокот на последниот период. Рејли Рос со 21 поени беше најдобар поединец во редовите на Куманово, Андрејевиќ уфрли 14 поени, а по 12 постигнаа Марковски и Зивчевиќ.

На натпреварот кој се одигра нешто подоцна оваа вечер, ТФТ Скопје стави крај на серијата од пет порази во БИБЛ лигата и конечно се израдува на триумф, а истиот во најамала рака беше заслужен бидејќи тимот од Тафталиџе постигна повеќе од сто поени.

Во дуелот против Теодо, ТФТ славеше со 104:86 во еден натпревар во кој се играше крајно офанзивно на двете страни без многу калкулации во одбрана, со тоа што домашниот тим го диктираше темпото и сосема заслужено ги освои бодовите.

Тај Харис со 24 поени беше најдобар поединец на паркетот, Андерсон му помогна со 18 поени, а по 16 уфрлија Смит и Митревски во редовите на тимот кој го предводи Смилковски.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни