Куманово ја доби драмата со Еуро Никел, Пелистер доминираше против Гостивар

Kumanovo-MZT

Кошаркарите на Куманово беа поуспешни во драматичната завршница на дуелот со Еуро Никел, во која имаше и едно продолжение за да бидат постигнати конечните 86:85.

Домаќините на крајот победија и не му дозволија на противникот да се израмни на врвот со МЗТ Скопје, па сега и двете екипи имаат скор 6-3, како и уште три екипи.

Младеновиќ со 23 и Атанасов со 19 поени биле најефикасни кај Куманово, додека во редовите на Еуро Никел, најдобар реализатор бил Марзет со 19 поени.

На вториот дуел кој се играше подоцна, Пелистер заслужено го победи Гостивар (89:79), а гостите во завршницата спасуваа дебакл на оваа средба на која имаа сериозна негатива уште на полувреме. Цветковски со 20 поени бил предводник на домаќините, а кај Гостивар Димчевски реализирал 23 поени.

Facebook Коментари