Поврзете се со нас

Македонија

Куманово го одбрани домашниот терен и му нанесе тежок пораз на Пелистер

Објавено

на

foto: FB/КК Пелистер Битола

Со натпреварот меѓу Куманово и Пелистер беше затворена 14-та кошаркарска рунда во нашата Прва лига, а оваа битка уште еднаш ни покажа дека битолчани не изгледаат воопшто добро на стартот на новата година.

По убедливиот пораз во дербито со МЗТ Скопје, Пелистер денеска загуби на уште едно гостување, и тоа кај тимот кој веќе се покажа како навистина незгоден домаќин.

Првото полувреме донесе еден навистина необичен и чуден тек на настаните бидејќи Куманово доминантно ја доби првата четвртина со 27:17, но потоа следеше луда серија на гостите од 31:11, по што Пелистер на полувреме замина со предност од 38:48.

Во тие моменти се чинеше дека гостите го пронајдоа вистинскиот рецепт за победа, но на теренот ситуацијата стана поинаква, бидејќи Куманово целосно ги лимитираше приодите кон својот кош и му дозволи на Пелистер да постигне само седум поени во третиот период.

Тука почна враќањето на Куманово и преземањето на водството, а во последната четвртина дојде само до потврда на победата изразена со резултат 86:72.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни