Поврзете се со нас

Македонија

Куманово го изненади МЗТ Скопје во „Јане Сандански“

Објавено

на

Кошаркарите на Куманово направија изненадување и славеа над МЗТ Скопје со 83-76 во заостанатиот меч од 20. коло во првата македонска лига.

„Металците“ одиграа само една добра четвртина и тоа втората која ја реализираа со 19-9, а тоа беше премалку за да го оправдаат фаворитскиот статус и да слават во СЦ „Јане Сандански“ со што ќе се ставеа во позиција во топ местата во регуларниот дел.

Ова за кумановци беше 12 сезонско славје во кое лидер беше Ливингстон со 20 поени и 11 асистенции. Добра поддршка беше Андрејевиќ со 17 кошеви, двоцифрени беа уште Ѓекиќ и Марковски.

Најрасполоежн играч кај „штрковите“ беше Мекиќ со 15 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни