АБА лига
Куманово едно полувреме рамноправен со шампионот, Кожув ја доби битката со ТФТ

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја забележаа 15. победа во 17 натпревар во најсилната домашна конкуренција и тоа на гостувањето кај Куманово.
Домаќините беа одлични во првиот дел, комплетно рамноравни со шампионот и најдобра потврда за тоа е водството на паузата од 41-40. Меѓутоа во вторите 20 минути ситуацијата беше сосема поинаква, избраниците на Николиќ одиграа на многу повисоко ниво на двете страни на теренот и на крајот дојдоа до триумф од 88-68.
Кук со 17 и Стојановски (Дамјан) со 14 поени беа лидери кај победникот, најрасположен за игра кај кумановци беше Марјановиќ со 21 кош.
Во Гевгелија пак Кожув го надигра ТФТ со 82-72. Четата на Јончевски покажа далеку повеќе на овој дуел, доби три од четирите четвртини со тоа што вистински лидер беше Гордон со 32 поени. Двоцифрени беа уште Братож (15), Колев (14) и Ризвиќ (10).
Во ТФТ, Мекбраер даде 15, Батрик 14, а Костоски уште 13.поени.
-
Балканпред 13 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 13 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Балканпред 21 час
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Светпред 13 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
Светпред 24 часа
Од гол на гол за нов рекорд: Аргентински голман постигна неверојатен погодок (ВИДЕО)
-
НБАпред 11 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)