Куманово доживеа тесен пораз од Тирана

kumanovo

Кошаркарите на Куманово го претрпеа третиот пораз на четвртиот сезонски натпревар во БИБЛ лигата и тоа на гостувањето кај Тирана со 75-73.

Избраниците на Александар Петровиќ успеаа во последниот период да се вратат во игра по негативата од 19 поени, односно во завршните 20 секунди се влезе со нерешен резултат 73-73 по поените на Раме.

Потоа следуваше фаул на Караколев и две слободни фрлања за Абдул-Басит кои ги искористи за ново водство на Тирана (75-73). На кумановци им останаа 13 секунди да го возвратат ударот и нешто да променат, меѓутоа нападот не беше искористен и домашните се радуваа на победа.

Караколев со 23 поени беше најпрецизен кај македонскиот претставник, додека пак Шима со 21 кош беше прво име кај победниците.

Facebook Коментари