Поврзете се со нас

Македонија

Куманово доведе и кружен напаѓач од Бразил

Објавено

на

Екипата на МРК Куманово продолжува да влече потези и да се засилува за вториот дел од шампионатот, засилувања кои доаѓаа од една држава-Бразил.

Кумановци во претходниот период се пофалија со потписите на бековите Џанкарло Фелипе Хен (лев бек) и Гилерме Да Силва Фернандес (десен бек), а на нив друштво ќе им прави кружниот напаѓач Жоао Виктор Соарес Флорес.

Се работи за играч кој е репрезентативец на Бразил до 21 година, висок 187 сантиметри, тежок 98 килограми, ракометар кој доаѓа во таборот на македонскиот прволигаш од Праја тим со кого има освоено титула во својата татковина.

Со осум бода Куманово се наоѓа на 9. место на табелата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни