Поврзете се со нас

Македонија

Куманово доби уште една битка со ТФТ, ФМП го изненади Гостивар

Објавено

на

Започнаа возбудувањата во првата македонска кошаркарска лига, а на самиот старт донесе големо изненадување, триумф на Академија ФМП над амбициозниот Гостивар со 84-75.

Домаќините одиграа на повисоко ниво и едноставно им одржаа лекција на противниците на средбата во Скопје. Избраниците на Петровиќ имаа позитива од 48-33 по првиот дел и со тоа ја најавија големата победа со тоа што Гостивар во вториот дел се закани, ама немаше сила да направи комплетен пресврт.

Крстајиќ со 23 поени, 3 скокови и 6 асистенции беше прво име кај победникот, додека Армстед на спротивната страна имаше 19 поени, 5 скокови и 7 асистенции.

Куманово пак доби уште една битка со ТФТ Скопје, овојпат во домашниот шампионат со 83-82. Пред неколку денови Кумановци славеа во рамките на БИБЛ лигата на домашен терен, додека пак вечерва триумфираа во „Кале“ во средба во која Андрејевиќ со 16 поени беше најпрецизен, двоцифрени беа уште Марковски, Црниќ и Стојановски.

Кај дебитантот ТФТ се издвои Андерсон со 20 кошеви.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни