Поврзете се со нас

Македонија

Куманово ангажираше и среден бек од Хрватска

Објавено

на

Тимот на МРК Куманово продолжи со активностите на пазарот и денеска официјално комплетираше уште една операција, односно потврди ново засилување.

Во изминативе денови суперлигашот ангажираше три ракометари од Бразил Џанкарло Фелипе Хен (лев бек), Гилерме Да Силва Фернандес (десен бек) и Жоао Виктор Соарес Флорес (кружен напаѓач) за да сега го добие и потписот на интернационалецот од Хрватска, Лука Матачиќ.

Матачиќ ја покрива позицијата среден бек, висок е 192 сантиметри и тежок 93 килограми. Во својата татковина играл за Ѓаково и Рудар, додека во Словачка го носел дресот на МХАК Мартин.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни