Поврзете се со нас

Европски купови

Кумановки надиграни од Галичанка во ЕХФ Купот

Објавено

на

Ракометарките на Куманово претрпеа убедливли пораз од Галичанка од 33-17 во првата средба од третата рунда на Европскиот ЕХФ Куп.

Македонскиот претставник беше конкурентен во првиот дел кој го загуби со 11-8, додека пак во вторите 30 минути домаќинките доминираа, беа супериорни како во нападот така и во одбраната и дојдоа до висока победа од 16 разлика.

Боризовска и Трајковиќ со по 4 постигнати гола беа најдобри стрелци кај Куманово. На спротивната страна Полјак и Дмитришин искомбинираа 14 погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни