Поврзете се со нас

Европски купови

Кумановки го дознаа својот противник во третата рунда во ЕХФ Купот

Објавено

на

На денешната ждрепка која се одржа со цел одредување на паровите во третата рунда во Купот на ЕХФ, ЖРК Куманово беше единствен наш претставник во извлекувањето, кој во својот прв европски настап оваа сезона доби доста сериозен испит.

Ждрепката посака кумановки да ги одмерат силите со украинска Галичанка Лвов, тим кој редовно има настапи во европските натперварувања и кој ќе претставува тежок предизивк за македонскиот тим.

Македонскиот ракомет остана само со еден претставник во ЕХФ купот откако претходно Чари загуби во второто коло од српска Наиса, па сега сите очи ќе бидат вперени кон Куманово.

Истоимениот тим првиот натпревар од третото коло ќе го игра на гостински терен во Украина на 14-ти или 15-ти ноември, додека реваншот е закажан за една седмица подоцна во Македонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни