Поврзете се со нас

Шпанија

Куман за своето ново откровение во Барса: За мене годините не се важни

Објавено

на

blank

Барселона оствари навистина важна победа на Памплона и освои големи три бода на секогаш жешкото гостување на „Ел Садар“, триумф кој тренерот Роналд Куман го посочи како круцијален во пресрет на големото мадридско дерби меѓу Атлетико и Реал.

Каталонскиот гигант си ја заврши своајта работа и славеше со 0:2, а во зваршницата, во фокусот се најде 18-годишниот Илаиш Мориба кој стана петтиот најмлад играч на Барселона кој постигнал гол во Примера.

Тинејџерот е последно откровение на холандскиот стручњак кој не престанува да им дава шанса на децата од школата, а токму Куман беше тој кој не штедеше комплименти за офанзивниот фудбалер кој го постигна погодокот за 0:2.

– Мора да продолжиме да победуваме. Реално гледано, ова не беше наш најдобар натпревар, но успеавме да победиме. Генерално се наоѓаме во одлична серија, она што го правиме во последните два месеци не е воопшто лесно.

– Секој натпревар е шанса, а Мориба си создава терен за повеќе шанси во иднина. Секогаш кога влегува во игра, му нуди нешто на тимот. Постигна фантастичен гол, секогаш добиваме нешто екстра од него на теренот. Одличен е со топката и станува збор за многу цврсто момче. Со вакви изданија ми покажува дека треба почесто да биде дел од првиот тим. Кај мене годините не се важни, за мене е важно тоа што го гледам на теренот и тренинзите. Возраста нема никаква вредност, клучно е тоа што се покажува на теренот, – порачува Куман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни