Поврзете се со нас

Лига на нации

Куман за планот за „неутрализирање“ на Јамал: Да се ​​запре таков играч…

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Холандија и гостува на Шпанија на вечерашниот меч на „Месталја“ каде ќе се обиде со позитивен резултат да се пласира во полуфиналето на Лигата на нации.

Холанѓаните испуштија победа на првиот натпревар во 93 минута, па водени од тој настап во Ротердам сигурно ќе имаат мотив, желба да го изненадат актуелниот европски шампион.

„Лалињата“ на првото соочување одлично го покрија, неутрализираа Ламин Јамал и селекторот Роналд Куман е свесен дека ќе им биде потребен уште еден таков настап за да биде поблиску до резултатот што го посакуваат во Валенсија.

-Не сакам да зборувам за индивидуални играчи. Мислам дека добро го контролиравме Ламин Јамал на првиот натпревар, но никогаш не можете целосно да покриете играчот со тој талент. Не е прашање само кој игра на позицијата бек, туку и другите играчи треба да помогнат.

-Да се ​​запре таков играч е невозможно. Во секој момент може да го отвори натпреварот, поради неговиот квалитет со топка, -истакна Куман.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни