Поврзете се со нас

Шпанија

Куман за можноста Алвеш да се врати во Барселона: Никој од клубот…

Објавено

на

Барселона се наоѓа во тешка и специфична ситуација пред се од финансиски аспект и секоја помош во овој момент, па и во блиска иднина ќе биде добредојдена, па токму една таква понуда дојде до легендарниот Дани Алвеш.

Алвеш е подготвен да и помогне на Барселона: Треба само…

Бразилскиот ас мина доста успешен период на „Камп Ноу“ и многу добро знае што значи да се носи дресот на великанот, односно каква тежина има истиот. Дани порача дека е спремен да се врати и помогне со своето искуство кое повеќе е од драгоцено ако се земе предвид фактот дека клубот сега форсира млади играчи кои доаѓаат пред се од школата.

Од клубот немаше некоја конкретна реакција по понудата од Алвеш, а сега за таа тема се огласи и тренерот Роналд Куман кој истакна дека не знае апсолутно ништо.

-Не знам ништо за ова прашање. Никој од клубот не ми кажал за оваа можност и не сакам да одговорам, -истака Холанѓанецот.

Каталонците како класечен десен бек го имаат Сержињо Дест, меѓутоа таа позиција може да ја покри Оскар Мингеза, но и Серхи Роберто на кого природно му одговара да игра на средината на теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни