Поврзете се со нас

Шпанија

Куман за чудесната рехабилитација на својата млада ѕвезда во тимот: Некои работи не можат да се објаснат

Објавено

на

Барселона и Севилја утре го играат реванш полуфиналето во Копа дел Реј, натпревар на кој домашниот тим ќе брка негатива од 0:2 откако на првиот меч во Андалузија беше поразен со овој резултат.

Каталонскиот гигант сигурно ќе сака да ја повтори партијата од пред неколку дена кога славеше над Севилја во домашното првенство, пресметка на која тимот на Лопетеги беше комплетно неутрализиран и речиси и не се закани кон голот на Марк Андре Тер Штеген. Барселона дефинитивно ќе треба да има перфектна партија за да има било какви шанси, а за тоа е свесен и самиот Роналд Куман кој пак доби неочекува плус во пресрет на дуелот.

Педри се повреди токму на натпреварот против Севилја во саботата и беше повлечен од игра, па откако се врати во Барселона со патерици, сите веруваа дека станува збор за сериозна повреда. За среќа на Куман, случајот не е таков и Педри успеал чудесно да се рехабилитира од мускулните проблеми, па останува во игра за настап против Севилја утревечер.

– Има некои работи кои не можат да се објаснат. Постојат работи во фудбалот кои се навистина чудни. Уште вчера бев изненаден како еволуира.

– Вчера имаше индивидуален тренинг, а денеска немаше никакви проблеми и беше дел од групата. Конечна одлука ќе донесеме на утрешниот тренинг, но сметам дека ќе може да ни помогне, – изјави Куман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни