Поврзете се со нас

Шпанија

Куман: ВАР се користи само против Барселона

Објавено

на

Роналд Куман дебитираше како тренер на „Ел Класико“ пресметките со Реал Мадрид, а првиот натпревар ќе го памети по поразот на домашен терен.

Реал победи со 3:1, а холандскиот стручњак смета дека судијата влијаел на резултатот со одлуката со која досуди пенал за гостите во вториот дел.

– Не го разбирам ВАР, мислам дека се употребува само против Барселона. Такви влечења постојано се случуваат во шеснаесетникот, но повторно не разбирам некои одлуки како и на средбите со Хетафе и Севилја. Одигравме пет натпревари и ВАР ниту еднаш не донесе одлука во наша корист.

– Игравме добро, имавме шанси, тешко е да се прифати поразот бидејќи не го заслуживме. Не ми се јасни дел од одлуките на судијата, се до пеналот бевме во добра позиција, – изјавил Куман.

По овој пораз, Барселона има шест бодови помалку, но и натпревар помалку од најголемиот ривал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни