Поврзете се со нас

Шпанија

Куман со нов проблем пред „Ел Класико“, нема да може да смета на новиот миленик на фановите на Барселона

Објавено

на

Тренерот на Барселона, Роналд Куман се соочува со нови проблеми во составувањето на својот тим пред викенд дерби пресметката против Реал Мадрид.

„Каталонците“ на првото сезонско „Ел Класико“ ќе одат на победа со цел да ја поправат лошата слика која ја оставија со негативните резултати на почетокот на сезоната.

Куман за овој натпревар нема да може да смета на младиот фудбалер Педри кој брзо прерасна во миленик на фановите со своите одлични игри.

Играчот од средниот ред го мачи повреда на мускулот, а освен него Куман нема да може да смета ниту на Араухо ниту на одамна повредениот Усман Дембеле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни