Поврзете се со нас

Европски првенства

Куман си посака идеален противник за финалето на ЕП во Берлин

Објавено

на

Foto:x.com/OnsOranje

Холандија повторно се враќаше од негатива на ова Европско првенство и одново демонстрираше победнички карактер, а пресвртот режиран против Турција значи дека „лалињата“ ќе ги гледаме во полуфиналето на турнирот во Германија.

Иако не се споменуваше ниту како фаворит од втор ред, тимот на Роналд Куман сега се пласираше меѓу четирите најдобри на стариот континент, па селекторот не ја пропушти шансата да им „плесне во лице“ се она што го зборуваа критичарите.

– Ние сме мала земја и повторно сме ево полуфинале со Англија, Франција и Шпанија. Ова е многу важно за Холандија. Дадовме се од себе и моравме да страдаме. Покажавме карактер и срце, нешто што многумина критичари велат дека го немаме.

– Кој противник го сакам за финалето? Рано е за тоа прашање, прво мора добро да се подготвиме за полуфиналето. Ако веќе сме во финале, би сакал да играме против Шпанија. Против Франција веќе игравме во групата и би сакал да играме со Шпанија.

– Сепак, такво нешто е уште далеку. Против Англија не чека тежок меч, ние сме среќни што ќе бидеме дел од полуфиналето. Ова е веќе голем успех, никој не очекуваше да играме полуфинале и затоа сум пресреќен, – изјави Куман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни