Поврзете се со нас

Европски првенства

Куман сепак го повика фудбалерот кој импресионираше во редовите на Болоња

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/BolognaFC1909en

Роналд Куман во свој стил ги изненади холандските фанови со дел од решенијата со избраниот состав за ЕП 2024, но повредите донесоа неколку промени во последен момент.

Последната е поврзана со офанзивниот дел од теренот и донесе позитивна вест за Џошуа Зиркзе, кој првично беше изигнориран од холандскиот селектор, но сега дополнително е повикан од Куман.

Напаѓачот на Ајакс, Брајан Броби има проблеми со повреда и ќе биде неизвесен најмалку за првиот натпревар, па Зиркзе сега ќе биде во комбинација за настап на летниот престижен турнир.

Потегот на Куман доаѓа по потврдениот проблем на Броби, а повикан беше и Јан Матсен по повредите на Де Јонг и Копмајнерс.

Зирзке досега нема настап за сениорската репрезентација на Холандија, но имаше одлична сезона со Болоња, во чии редови постигна 12 голови и испрати 7 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни