Поврзете се со нас

Шпанија

Куман се соочи со реалноста откако Барса не можеше да си го дозволи Депај: Мислам дека сезоната ќе ја започнам….

Објавено

на

blank

Иако угледните холандски медиуми во текот на вчерашниот ден информираа дека Барселона ги има договорено личните услови со Мемфис Депај и веќе почнаа да го најавуваат како прво засилување во ерата на Роналд Куман, доцна во ноќта пристигна официјална вест од Лион, или поточно од претседателот на клубот.

Жан Мишел Олас откри дека Барселона нема доволно финансиски средства и не може да си го дозволи Депај во овој момент, без оглед на тоа што станува само за сума од 30 милиони евра. Очигледно е дека корона кризата сериозно ја погоди Барса и тоа веќе го нагласи Бартомеу, па откако клубот не можеше да си го дозволи Депај, Куман полека почна да се соочува со реалноста и веќе се подготува за сезоната со ресурсите кои ги има.

За очекување е Артуро Видал во наредните неколку дена да стане играч на Интер, но како што стојат работите, Луис Суарез ќе остане во тимот како напаѓачка опција во ситуација кога Барселона не може да доведе нов играч.

– За да дојде Депај, прво мора да продадеме некои играчи, – искрено порача Куман за „Фокс Спортс“, а во продолжение беше уште пореален.

– Веќе работиме за новата сезона и верувам дека ќе ја започнам кампањата со тимот со кој работам сега во пресезоната. Мислам дека ќе ја работам сезоната со играчите кои ги имам сега, – порача Куман.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни