Поврзете се со нас

Шпанија

Куман се ослободува од уште еден непотребен играч кој го отпиша од самото негово пристигнување

Објавено

на

blank

Роналд Куман полека но сигурно се ослободува од сите фудбалери за кои тој смета дека нема да му требаат во тимот оваа сезона.

Откако беа продадени Луис Суарез, Иван Ракитиќ и Артуро Видал, сега на ред дојде и дефанзивецот Самуел Умтити.

Францускиот дефанзивец не е посакуван од Куман и речиси сигурно ќе си оди од клубот ова лето, а негова следна дестинација би требало да биде неговиот поранешен клуб, Лион.

Клубот од Франција сака да го ангажира Умтити на позајмица затоа што нема доволно средства да го откупи неговиот договор, а наводно од Барселона се подготвени да го пуштат на привремена основа.

Преговорите според шпанските медиуми веќе се во тек и голема е веројатноста Умтити наскоро  да се врати во Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни