Поврзете се со нас

Шпанија

Куман се налути и во своја одбрана порача: Не е логично да зборуваме за мојата иднина

Објавено

на

Тренерот на Барселона, Роналд Куман и покрај тоа што го стабилизираше тимот се наоѓа под голем притисок од јавноста која постојано зборува за негово заминување од клубот.

Барселона испадна од Лигата на шампионите, но до самиот крај ќе се бори за титулата во Ла Лига, а денеска го игра и финалето од Купот на кралот против Атлетик Билбао.

Токму затоа, Куман се налути на се почестите пишувања за неговото евентуално заминување од клубот по крајот на оваа сезона.

– Искрено малку е чудно што се поставува прашањето за моето останување во Барселона. До натпреварот со Реал имавме низа од 19 натпревари без пораз, изгубивме еден натпревар и веднаш зборуваме за мојата иднина. Тоа не е баш логично.

– Знам каде дојдов, свесен сум дека во Барселона се бараат само трофеи. Ќе сторам се за да дојдеме до нив, но не можеме да бидеме нетрпеливи и да очекуваме нешто да дојде преку ноќ. Јасно е дека триумф против Атлетик би бил огромен поттик за нас за да ја продолжиме борбата за титулата, -изјави Куман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни