Поврзете се со нас

Шпанија

Куман распали по УЕФА: Супер лига и Лига на шампиони? Нив ги интересира само едно нешто!

Објавено

на

Барслеона утре им се враќа на обврските во домашното првенство откако изминатиов викенд го освои трофејот во Купот, но воочи натпреварот со Хетафе на домашен терен, се случија навистина многу работи во фудбалска Европа кои беа главна тема и на пресот кој го одржа Роналд Куман.

Холаѓанецот се воздржа од став за таканаречената Супер лига за која потписник беше Барселона, но затоа не штедеше критики за водечките луѓе на УЕФА и за оние во шпанскиот фудбал кои оваа сезона се однесуваат кон фудбалерите како кон машини.

– Јас ќе го кажам следново. Има играчи кои не ни знаат колку натпревари одиграа оваа сезона. Се зборува за Супер лига, за Лигата на шампиони, но УЕФА ги игнорира барањата на играчите извесно време. Во УЕФА не обрнуваат внимание и не им е грижа за играчите. Важни им се само парите.

– Не сакаат да не слушнат нас тренерите, ниту пак играчите. Не сакаат да зборуваат за бројот на натпревари кои ги играме, на прво место им се парите и тоа треба да се каже, – изјави Куман и додаде.

– Погледнете го само терминот во кој играме утре (22 часот), има работи кои не смета да се променат во фудбалот, но има и работи кои треба да се променат. Нема да дадам став за Супер лигата, не сакам да зборувам за тоа. Ќе кажам дека се согласувам со твитот на Пике од вчеравечер, – изјави Куман, алудирајќи на пораката на стоперот  поврзана за Супер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни